Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално,
ќе се одржи во Охрид по осми пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот
на фестивалот е закажан на 27.08.2015 (четврток), а ќе трае до 31.08.2015
(понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 22 хорови од 11 европски
земји.
Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории.
Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на
духовна музика, поп и фолк концертите.
Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Магдалена
Липска (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Македонија),
Дора Халас (Унгарија) и Дарина Чакарова (Бугарија).
Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс
Горица и црквата Св. Кирил и Методиј (католичка црква), а во состав на отворањето
хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.
На отворањето ќе настапи Бугарската вокална атракција Војсленд (Voiceland), кои се финалисти
на Охридскиот хорски фестивал 2012, а минатата година се пласираа во полуфиналето
на бугарското издание на шоуто „Јас имам талент“.
Влезот е слободен, а за посетителите кои ќе го најават своето присуство подготвени
се пригодни изненадувања.