Организациониот одбор со
задоволство ќе понуди добар и интересен план учесниците да можат да
ги истражат убавините на Охрид.
Ќе бидат организирани настани за собирање средства и ќе им бидат понудени на учесниците.
Трошоците за транспорт, влезниците и туристичките водичи треба да бидат покриени од страна на учесниците. Но, за учесниците на Фестивалот обезбедени се посебни цени со голем попуст.
Охрид - 7000 години цивилизација на едно место, лулка на духовноста и словенската писменост
Охридското езеро - едно од најстарите во светот
Охридската котлина - прекрасна природа и планини
Истражувајте ја културата, историјата и природата во Охрид и во околината -
Манастирот Св. Наум, Националниот парк Галчица и многу други места
Уживајте во пливањето на некоја од прекрасните плажи со безжичен пристап до интернет и кафулиња
Уживајте во забава на плажа, во дискотека или во некое од многуте кафулиња, дење или ноќе
Пробајте ја традиционалната македноска кујна и почусвтвувајте го ритамот на македонската традиционална музика
Охридски хорски фестивал, Питу Гули 152, 6000 Охрид, Република Македонија