Добредојдовте

ОХФ 2010

Правила
Сместување
Патување
Активности
Контакт

Пријатели и поддржувачи

Archives










Основни правила

  1. Охридскиот хорски фестивал се одржува на крајот од август во Охрид, Република Македонија.

  2. Право на учество имаат сите хорови и вокални групи. Рокот за пријавување е 1-ви мај продолжен до 15-ти јуни за да им се даде можност за учество на кандидатите кои не успеале да се пријават порано.

    За да се пријават, заинтересираните треба да испратат пополнета пријава заедно со фотографија од хорот и од диригентот и аудио снимка. Материјалите можат да се испратат преку класична или електронска пошта.

  3. По рокот за пријавување, но не подоцна од 5 мај, ќе бидат објавени имињата на сите учесници на веб сајтот од фестивалот: www.OhridChoirFestival.com. На барање на кандидатот во посебни околности фестивалот може да испрати мислење за учествтото пред крајот на рокот за пријавување.

  4. Избраните хорови треба треба да платат неповратен приемен трошок од 610 денари (10 евра) по лице не подоцна од 20 мај за да го потврдат нивното учество. Учесничкиот трошок се плаќа по лице според формулата за сместување и мора да е целосно подмирен пред првиот фестивалски ден. Вкупниот фестивалски трошок е даден во следната табела.

  5. Фестивалот се одвива во пет делови:

    • Прв дел: Настапи на отворено (задолжителни)
    • Втор дел: Натпревар
    • Трет дел: Фолклорна музика
    • Четврти дел: Духовна музика
    • Петти дел: Поп музика

  6. Сите хорови мора да настапат најмалку во два дела од фестивалот (можат да настапат и во повеќе од два дела). Првиот дел на фестивалот, настапи на отворено, е задолжителен, а вториот може да е избран од хорот.

  7. Опис на фестивалските делови:

    Прв дел

    Настапите на отворено подразбираат слободна програма од 20-30 минути на неколку места на отворено. Настапите на отворено се дел од отворањето на фестивалот и нивната главна цел е да го привлечат вниманието на пошироката јавност. Композициите изведени на овој дел можат да бидат изведени и на другите фестивалски делови.

    Втор дел

    За да учествуваат на натпреварувачкиот дел, хоровите треба да изведат 15-минутна (±2 минути) програма по нивен избор. Иако, строго се препорачува програмата да содржи дела од различни стилови на хорската музика и да содржи барем една композиција од македонски автор.

    Македонски хорски дела
    Македонски хорски дела

    (лозинката се добива на барање)

    Бидејќи се настојува програмата да биде претежно вокална, ќе се дозволи една или најмногу две композиции да бидат со инструментална придружба, но кои заедно нема да траат подолго од 5 минути. Настапите ќе бидат следени од експертско жири кое ќе ги рангира хоровите од различни аспекти на хорската изведба. Според поените од жирито, хоровите ќе бидат наградени со дипломи:

    • под 70 поени: диплома за учество
    • 70 до 79,99 поени: диплома за III награда
    • 80 до 89.99 поени: диплома за II награда
    • 90 до 100 поени: диплома за I награда

    Хоровите ќе бидат поделени во неколку категории и поткатегории:

    • Категорија А - детски хорови
      (2/3 од членовите да не се постари од 15 години)
    • Категорија Б - младински хорови
      (2/3 од членовите да не се постари од 25 години)
    • Категорија Ц - хорови од возрасни
      (1/3 од членовите да не се помлади од 25 години)

    Можат да бидат додадени поткатегории за категориите Б и Ц ако бројот на заинтересирани хорови во некоја од овие категории е поголем од очекуваниот.

    Најдобрите хорови избрани од жирито ќе настапат на завршниот концерт каде што ќе се натпреваруваат за гран-прито на фестивалот. Победникот ќе биде награден со диплома: „Гран-при: најдобар хор на фестивалот“.

    Трет дел

    Фолклорниот дел е ревијален. Програмата што ќе се изведува треба да е составена од хорски обработки на народни мелодии или мотиви и треба да трае 7-12 минути. Хоровите можат да бидат придружувани од инструменти.

    Четврти дел

    Делот за духовна музика е ревијален. Програмата треба да се состои од духовни дела и да трае 7-12 минути.

    Петти дел

    Делот за поп музика е ревијален. Програмата треба да се состои од хорски аранжмани на поп композиции и треба да трае 7-12 минути. Хоровите можат да бидат придружувани од инструменти.

    Фестивалот обезбедува пијано за сите фестивалски делови освен за настапите на отворено.

  8. Со самото пријавување, хорот се обврзува да ги почитува и регулира авторските права на композициите кои ги изведува и се согласува организаторот да употребува било какви материјали снимени за време на фестивалот.

  9. Информациите кои се однесуваат на учесниците се обезбедуваат од самите учесници и Фестивалот не презема одговорност за нивната точност (на пример: името на хорот, името на местото и земјата која хорот ја претставува, имињата на композициите и композиторите кои ги изведува итн.).

  10. Организацискиот одбор го задржува правото да прави потребни организациски измени. Ова не вклучува зголемување на планираните трошоци или воведување дополнителни трошоци за хоровите. Тие ќе останат како што е наведено.



 

 

Пријава

 

 

Фестивалски трошоци

 

 

Македонски хорски дела

 

 

 

Награда
„Томислав Зографски“

 

 

 

Награда
„Запро Запров“

 

 

 

„Да пееме заедно“
Збирка хорски аранжмани од Илија Рајковиќ

 

   


Охридски хорски фестивал, Питу Гули 152, 6000 Охрид, Република Македонија

+389 70 836 696, ohridchoirfestival@yahoo.com

Развој: Александар Ѓорески